БРИТАНИЈА ПОЧНА ДА ИЗДАВА ПАСОШИ БЕЗ ЗБОРОВИТЕ „ЕВРОПСКА УНИЈА“

    БРИТАНИЈА ПОЧНА ДА ИЗДАВА ПАСОШИ БЕЗ ЗБОРОВИТЕ „ЕВРОПСКА УНИЈА“Велика Британија требаше да излезе од ЕУ на 29 март, но побара одложување на Брегзит, засега до 12 април. - Стар и нов британски пасош (Фото: Твитер)

    Велика Британија почна да издава пасоши на своите граѓани без зборовите „Европска унија“ на корицата, и покрај одложувањето на Брегзит. Новите пасоши се воведени на 30 март, еден ден откако Британија требаше да ја напушти ЕУ.

    Одлуката да се отстрани „Европска унија“ од пасошите била донесена од министерството за внатрешни работи, бидејќи се очекуваше земјата да излезе од ЕУ на 29 март.

    „Нема да има разлика за британските граѓани дали користат пасош што ги вклучува зборовите Европска унија или пасош што ги нема. Двата дизајни се подеднакво валидни за патување“, изјави портпарол на министерството.

    Британската премиерка Тереза Меј вчера од ЕУ побара уште едно одложување на Брегзит до 30 јуни. Засега, предвидено е земјата да излезе од ЕУ на 12 април, но ниту еден план за напуштање на ЕУ не е одобрен од британскиот парламент.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира