840 ГРАЃАНИ ПОБАРАЛЕ СУБВЕНЦИИ ЗА ИНВЕРТЕРИ ОД ГРАД СКОПЈЕ, ПАРИ ИМА УШТЕ ЗА 460 ДОМАЌИНСТВА

    840 ГРАЃАНИ ПОБАРАЛЕ СУБВЕНЦИИ ЗА ИНВЕРТЕРИ ОД ГРАД СКОПЈЕ, ПАРИ ИМА УШТЕ ЗА 460 ДОМАЌИНСТВАВисината на субвенцијата е во износ од 50 отсто од вредноста на уредот, но не повеќе од 15.000 денари.- Од првиот ден за аплицирање за субвенции.(Фото: СДК.МК)

    На јавниот повик на Град Скопје субвенции за инвертери побарале 840 граѓани, а пари има уште за 460. На повикот кој беше објавен во март од буџетот на Градот се одвоени 20 милиони денари односно ќе се субвенциораат околу 1.300 домаќинства.

    Со овој повик се опфаќаат сите домаќинства кои инвертер клима уреди купиле од 1 јануари 2019 година. Висината на субвенцијата е во износ од 50 отсто од вредноста на уредот, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход. Повикот ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“ и ќе трае до 30 ноември 2019 година или до исцрпување на предвидените средства за оваа намена. Парите поради претседателски избори ќе се исплаќаат по завршување на изборите.

    „Право на учество на јавниот повик имаат жителите на Скопје, од општините Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел и Сарај. На повикот немаат право на учество домаќинствата кои имаат станбен објект со приклучок на градското централно греење без оглед на тоа дали го користат, кои имаат можност за приклучување на системот за централно греење, како и жителите кои имаат станбен објект во фаза на градба и не живеат во него.

    Градот Скопје го објави јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за купување инвертери како една од мерките против загадувањето на воздухот. Во тек се и јавните повици за субвенционирање на граѓаните за набавка на печки на пелети и за велосипеди.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира