ИНДИЕЦ СИ ОТСЕКОЛ ПРСТ ОТКАКО ГЛАСАЛ ЗА ПОГРЕШНА ПАРТИЈА

    ИНДИЕЦ СИ ОТСЕКОЛ ПРСТ ОТКАКО ГЛАСАЛ ЗА ПОГРЕШНА ПАРТИЈАВо видео кое се прошири на интернет, Паван Кумар вели дека случајно гласал за владејачката партија

    Индиски гласач си отсекол прст откако сфатил дека гласал за погрешна партија на парламентарните избори.

    Во видео кое се прошири на интернет, Паван Кумар вели дека случајно гласал за владејачката партија Баратија џаната. Тој сакал да гласа за една регионална партија, но се збунил од премногу симболи на гласачката машина. Во Индија, показалец на секој гласач се означува со невидливо мастило откако ќе гласаат.

    „Сакав да гласам за слонот, но по грешка гласав за цветот“, вели Кумар во видеото, алудирајќи на партиските симболи кои се истакнати веднаш до името на кандидатот.

    Партиските симболи имаат важна улога на изборите во Индија бидејќи лесно се идентификуваат во земјата каде што има голем процент на неписмено население. На изборите учествуваат голем број регионални партии и коалиции, што често ги збунува гласачите.

    Изборите во Индија, во кои учествуваат 900 милиони гласачи, се спроведуваат во седум фази и траат до 23 мај.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира