Исландската фудбалска федерација се пошегува на Твитер со новиот европски шампион Португалија.
„Исланд ужива во фактот што имаше повеќе победи во регуларниот дел од европскиот шампион. Не е лошо како за прво учество”, беше објавено на социјалната мрежа.
Исланд и Португалија одиграа без победник 1:1 на стартот од Европското првенство во Франција. Потоа, Португалските фудбалери ремизираа уште двапати во првата фаза, а во нокаут фазата го победија само Велс (2:0) во регуларните 90 минути. Против Хрватска и Франција победија со гол во продолженијата, а Полска ја совладаа на пенали.
Исланд, кој беше елиминиран од Франција во четврт-финалето, ја победи Австрија (2:1) во првата фаза и потоа славеше со истиот резултат против Англија во осминафиналето.
Iceland will always enjoy the fact that we won more games in regular time than the European champions. Not bad for a first tournament!
— Icelandic Football (@icelandfootball) July 10, 2016