Излезноста на првиот круг од претседателските избори до 18:30 часот изнесува 39,71 отсто од обработени 91,54 отсто од избирачките места, соопшти Државната изборна комисија по затворањето на гласачките места во 19 часот. Најголема излезност има во Гевгелија – 59,25%, па Кавадарци 53% и Карпош 49,89 отсто, а најмала во Боговиње – 17,93 отсто.
Излезноста на локалните избори, кои што исто така се одржуваат денеска, до 18:30 часот во Дебар изнесува 42,7 отсто, во Ново Село 47,46 отсто, а во Охрид 49,36 отсто.
Право на глас имаат 1.808.131 избирач. За победа во првиот круг е потребно мнозинство гласови од вкупниот број избирачи, односно 904.066 гласови.