НОВО СЕЛО НЕ УСПЕА ДА ИЗБЕРЕ НОВ ГРАДОНАЧАЛНИК ПОРАДИ ПРЕГОЛЕМ БРОЈ НЕВАЖЕЧКИ ЛИВЧИЊА ВО ПРВИОТ КРУГ

    НОВО СЕЛО НЕ УСПЕА ДА ИЗБЕРЕ НОВ ГРАДОНАЧАЛНИК ПОРАДИ ПРЕГОЛЕМ БРОЈ НЕВАЖЕЧКИ ЛИВЧИЊА ВО ПРВИОТ КРУГНикола Андонов и Николче Стоилков ќе имаат ново соочување за две недели (Фото: СДК.МК)

    Општина Ново Село не избра нов градоначалник во првиот круг на вонредните локални избори, откако Николче Стоилков од ВМРО-ДПМНЕ и Никола Андонов од СДСМ не успеаја да го надминат прагот од 50% освоени гласови. Причината за тоа е преголемиот број неважечки ливчиња.

    Неофицијално, станува збор за околу 120 неважечки ливчиња, кои пресудија двајцата кандидати да мора да се соочат уште еднаш за две недели.

    По првиот круг, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Стоилков неофицијално има 50 гласови повеќе од кандидатот на СДСМ, Андонов.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира