УБИЕН МАЖ КАЈ СКОПСКО РАШЧЕ

    УБИЕН МАЖ КАЈ СКОПСКО РАШЧЕПолицијата ги бара сторителите, овие неколку часа по убиството, нема уапсено осомничени лица. (Фото: СДК.МК)

    Попладнево е убиен возрасен маж кај скопското село Рашче. Неофицијално дознаваме дека се работи за Шеваљ Дика, кој по истрели од огнено оружје што се чуле денеска во селото во попладневните часови, бил најден мртов и изрешетан на местото. Официјално, сè уште нема потврда ниту за идентитетот, ниту дали живеел во Рашче, се потврдува само: „Убиството е случено таму“.

    Според изјавите на жителите од ова скопско село, во човекот било пукано од џип со странски таблички, во движење. Кога Шеваљ Дика бил погоден од истрелите, тој исто така бил во кола.

    Обвинителството наведува дека се земени трагите од местото и се дадени на вештачење, а издадена е и наредба за обдукција на телото.

    Полицијата ги бара сторителите, овие неколку часа по убиството, нема уапсено осомничени лица.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира