НЕ ПАЛЕТЕ ОГАН И СКАРА НА ИЗЛЕТНИЧКИТЕ МЕСТА ЗА 1 МАЈ, АПЕЛИРААТ ОД ГРАД СКОПЈЕ

    НЕ ПАЛЕТЕ ОГАН И СКАРА НА ИЗЛЕТНИЧКИТЕ МЕСТА ЗА 1 МАЈ, АПЕЛИРААТ ОД ГРАД СКОПЈЕКазната за палење оган на отворено според Законот за јавна чистота е 50 евра. (Фото: Град Скопје)

    Да не се пали оган на отворено и да не се прави скара на излетничките места, апелираат од Град Скопје. Градските власти велат дека во пресрет на Меѓународниот ден на трудот 1 Мај, ги исчистиле видиковците, јавните зелени површини на излетничките места и во парковите.

    „Апелираме до граѓаните, при посетата на излетничките места, како и на градските паркови, да се придржуваат на комуналниот ред и воспоставените забрани за палење оган и приготвување скара на отворени површини, да не фрлаат отпад и да не ја оштетуваат поставената урбана опрема“, велат од Град Скопје.

    Казната за палење оган на отворено според Законот за јавна чистота е 50 евра.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира