Веднаш по прославата на титулата на Европското првенство во Франција, португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо замина на заслужен одмор со фамилијата.
31-годишникот доби спектакуларен дочек со соиграчите, кога вчера слетаа на аеродромот во Лисабон со трофејот и потоа ѕвездата на Реал Мадрид не чекаше долго пред повторно да се качи во авион и да замине на засега непозната дестинација.
„Патување со фамилијата”, напиша кусо Роналдо на Инстаграм со фотографија од себеси со шест најблиски членови на фамилијата, вклучувајќи ги Кристијано Јуниор и мајка му Долорес.
Во неделата, Роналдо се повреди во првото полувреме од финалето против Франција на „Стад де Франс”, но неговите соиграчи од португалската репрезентација и без него успеаја да го победат домаќинот со 1:0.