По обработени над 56,06% од гласовите, кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски има водство од 13% пред кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова во вториот круг на претседателските избори.
Пендаровски има 236.396 (54,44%) гласови, додека Силјановска-Давкова има 182.722 (42,08%), според првичните неофицијални резултати на Државната изборна комисија. Неважечки се 15.122 (3,48%) ливчиња.
Вториот круг од претседателските избори е успешен, бидејќи излезноста е над 40%.