ПЕНДАРОВСКИ СО ПРЕДНОСТ ОД 60 ИЛЈАДИ ПО ПРЕБРОЕНИ 70% ОД ГЛАСОВИТЕ

    ПЕНДАРОВСКИ СО ПРЕДНОСТ ОД 60 ИЛЈАДИ ПО ПРЕБРОЕНИ 70% ОД ГЛАСОВИТЕВториот круг од претседателските избори е успешен, бидејќи излезноста е над 40%. - Стево Пендаровски со семејството по гласањето денеска (Фото: Ѓ. Личовски)

    По обработени речиси 70 отсто од гласовите, кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски има предност од 60 илјади гласови пред кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова во вториот круг на претседателските избори.

    Пендаровски има 295.970 (53,68%) гласови, додека Силјановска-Давкова има 236.046 (42,81%), според првичните неофицијални резултати на Државната изборна комисија. Неважечки се 19.342 (3,51%) ливчиња.

    Излезноста е над 40%, што значи вториот круг од претседателските избори е успешен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира