КОНСТАНТИН ГЕОРГИЕСКИ ОД СДСМ Е НОВИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОХРИД, СО 4.000 ГЛАСОВИ ПРЕДНОСТ

    КОНСТАНТИН ГЕОРГИЕСКИ ОД СДСМ Е НОВИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОХРИД, СО 4.000 ГЛАСОВИ ПРЕДНОСТПо ненадејната смрт на градоначалникот д-р Јован Стојаноски, Георгиески речиси пет месеци ја вршеше функцијата в.д. градоначалник на Охрид (архивска фотографија СДК.МК)

    Константин Георгиески, лекар – интернист, од коалицијата на СДСМ е новиот градоначалник на Охрид. Тој освои близу 16.000 гласови и убедливо го победи својот притивкандидат од ВМРО-ДПМНЕ д-р Митре Милошески кој освои близу 12.000 гласа.

    “Изборите во Охрид поминаа во мирна, фер и демократска атмосфвера. Граѓаните гласаа според своите лични убедувања. Остваривме голема победа, победа за поубав Охрид. Победа за сите што живеат и го сакаат овој град. Им се заблогодарувам на сите оние што гласаа за мене, како и на мојот изборен штаб кој цело време ме подржуваше”, изјави новиот градоначалник на Охрид д-р Константин Георгиески.

    И во првиот изборен круг д-р Георгиески освои најмногу гласови од охриѓани. му недостасуваа само околу 950 гласа да биде победник во првот круг.

    За разлика од гласовите за градоначалник, на претседателските избори во Охрид води кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска со 900 гласови по преброени 50 отсто од ливчињата.

    По ненадејната смрт на градоначалникот д-р Јован Стојаноски, Георгиески речиси пет месеци ја вршеше функцијата в.д. градоначалник на Охрид.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира