Во авионската несреќа во Москва загина има најмалку 41 загинат, откако Сухој Суперџет-100 имаше принудно слетување и потоа се запали на аеродромот Шереметјево. Меѓу загинатите има две деца и стјуардеса, објавија руските медиуми.
„Аерофлот“, рускиот национален авиопревозник, соопшти дека авионот бил принуден да се врати на аеродромот поради технички причини, но не откри детали.
Сухојот полета од Шереметјево во 18.02 часот по локално време за Мурманск. Екипажот сигнализирал дека има проблеми набрзо по заминувањето и по принудното слетување на аеродромот се запалија моторите на пистата.
Од 78 патници и екипаж во авионот, 37 се спасени, соопштија руските власти.