40.000 ГЛАСАЧИ ЌЕ МОРА САМИ ДА СЕ РЕГИСТРИРААТ, ПРОДОЛЖУВААТ ПРЕГОВОРИТЕ ЗА НОВО ПРЖИНО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    40.000 ГЛАСАЧИ ЌЕ МОРА САМИ ДА СЕ РЕГИСТРИРААТ, ПРОДОЛЖУВААТ ПРЕГОВОРИТЕ ЗА НОВО ПРЖИНО

    Преговорите помеѓу четирите политички партии кои се потписници на ланскиот договор од Пржино ќе продолжат и денеска во резиденцијата на амбасадорот на ЕУ во скопската населба Пржино, со посредство на американскот амбасадор Џес Бејли и амбасадорот на ЕУ Аиво Орав. Услови за лидерска средба уште не се постигнати.

    Дознаваме дека до сега извесен напредок е постигнат во однос на прочистувањето на околу 40.000 гласачи кои се запишани во избирачкиот список, а не се појавуваат никаде во вкрстените проверки. Ним ќе им биде оставена можност сами да се пријават преку активна регистрација. Доколку спорните гласачи не се приват тогаш ќе бидат избришани од избирачкиот список.

    Како што дознаваме од партиски избори, фокусот на преговорите е ставен на чистењето на Избирачкиот список од околу 200.000 спорни гласачи, но за тоа допрва ќе се разговара.

    Се зборувало и за медиумите во предизборниот период.

    Никола Тодоров Од ВМРО-ДПМНЕ, Радмила Шеќеринска од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА вчера преговараа пет часа. По состанокот во резиденцијата на Аиво Орав во Пржино претставниците на партиите не дадоа изјави. Само амбасадорот на САД, Бејли, рече дека не е разочаран бидејќи некогаш за да се постигне договор е потребно повеќе време.

    „Имавме петчасовна конструктивна дебата и завршивме добра работа. Не можам да ви соопштам дека е постигнат договор, но можам да ви кажам дека ќе продолжиме со разговорите. Не сум разочаран што денеска не е постигнат договор, затоа што за тоа понекогаш е потребно подолго време“, рече Бејли.

    Помошничката државен секретар на САД Викторија Нуланд во понеделникот најави дека договор за нови избори е можен наскоро. „За ова очигледно ќе треба политичка волја на сите страни, а јас почувствував дека таа волја ја има“, изјави Нуланд.

    Она што вчера за САКАМДАКАЖАМ.МК го потврдија и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ е дека е шпекулација воведувањето на специјално одделение во МВР, за истрагите во врска со криминалот од бомбите на опозицијата што е предмет на Специјалното јавно обвинителство на Катица Јанева. Во игра останува само идејата за специјално судско одделение што ќе ги работи предметите поврзани со прислушувањето и евентуалниот криминал што ќе произлезе од содржината на прислушуваните разговори.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира