Папато Фрањо на Плоштадот Македонија одржа света литургија на која присуствуваа граѓани од земјава и странство. Папата од Скопје упати пораки за мир, соживот, за поголема љубов кон Бога и кон луѓето.
„Рамнодушноста и клеветите да се заменат со чувствителност и надеж, да се надминат стереотипите и повеќе да се грижиме еден за друг“, рече папата на литургијата на Плоштад Македонија.
„Гладни сме за добрина и солидарност. Навикнати сме да го јадеме тврдиот леб на дезинформацијата“, рече тој.
Скопскиот бискуп и епарх на новата Струмичката епархија монсињор Киро Стојанов, се заблагодари на посетата и најави дека ќе се подигне спомен обележје на апостол Павле во селото Паљурци.
По литургијата, папата ќе одржи екуменска и меѓурелигиска средба со младите во Католичката црква, а потоа и со свештениците и нивните семејства.
ЕКИПА НА СДК.МК