НЕ ЗНАМ КАКО НИ УСПЕА, КАЖА ТРЕНЕРОТ КЛОП ПО ПЛАСМАНОТ НА ЛИВЕРПУЛ ВО ФИНАЛЕТО НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ

    НЕ ЗНАМ КАКО НИ УСПЕА, КАЖА ТРЕНЕРОТ КЛОП ПО ПЛАСМАНОТ НА ЛИВЕРПУЛ ВО ФИНАЛЕТО НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИЏини Вајналдум со два гола беше еден од неочекуваните херои на мечот на „Енфилд“ (Фото: Гардијан)

    Ливерпул на сензационален начин ја елиминираше Барселона и се пласираше во своето деветто финале на Лигата на шампионите, откако во реваншот на „Енфилд“ славеше со 4:0.

    Со три гола негатива од првата средба и без повредените ударни напаѓачи Салах и Фирмино, Ливерпул се наоѓаше пред невозможна мисија и дури и тренерот Јирген Клоп не може да поверува што направиле неговите играчи.

    „Целиот натпревар беше нешто посебно. Беше тешко да се победи, а вака без примен гол, не знам како им успеа. Ова многу ни значи на сите нас. Беше навистина посебно што сите заедно креиравме една таква емотивна атмосфера. Ова беше мешавина на потенцијал и неверојатно срце каква што досега немам видено. Многу убаво“, изјави Клоп.

    Победата на Ливерпул му ја донесоа играчи кои ретко се прв план, откако по два гола постигнаа Вајналдум и Ориги, кој сезонава малку играше.

    „Нашиот тим покажа дека во фудбалот сè е можно. По дуелот во Шпанија верувавме дека ова е можно, но не и луѓето околу нас“, кажа Вајналдум, кој влезе во игра во вториот дел место повредениот Робертсон.

    Ова е првпат од 1986 година една екипа да успее да надмине дефицит од три гола во полуфиналето на ова натпреварување и тоа тогаш беше токму Барселона.

    Финалето е на 1 јуни во Мадрид, кадешто Ливерпул ќе се сретне со подобриот од дуелот Ајакс-Тотенхем.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира