МАКЕДОНЦИТЕ И БУГАРИТЕ СЕ ДВЕ ЦЕЛОСНО РАЗЛИЧНИ НАЦИИ, КАЖА ПАПАТА ФРАЊО ПО ПОСЕТАТА НА ДВЕТЕ ЗЕМЈИ

    МАКЕДОНЦИТЕ И БУГАРИТЕ СЕ ДВЕ ЦЕЛОСНО РАЗЛИЧНИ НАЦИИ, КАЖА ПАПАТА ФРАЊО ПО ПОСЕТАТА НА ДВЕТЕ ЗЕМЈИПо 10 часа од историската прва посета на папа во Македонија, папата Фрањо вчера замина од аеродромот во Скопје. (Фото: ПУЛ)

    Папата Фрањо вели дека Македонците и Бугарите се две целосно различни нации, одговарајќи на новинарско прашање за впечатоците од посетата на двете земјите изминативе три дена. Папата Фрањо вчера беше во еднодневна посета на Скопје, а претходно ја посети Бугарија.

    „Тие се две целосно различни нации. Бугарија е нација со вековна традиција. Македонија, од друга страна, има вековна традиција, но не како држава… Како народ, што на крајот израсна да формира нација. Тоа е убава борба“, изјави папата Фрањо во авионот на пат за Ватикан.

    Тој рече и дека Македонија отсекогаш имала идентитет и сега тој е консолидиран како народ со мали и со големи проблеми, како нејзиното име и тоа сите го знаеме.

    „И двете земји имаа христијански, православни, католички и муслимански заедници. Она што го видов е дека во двете земји има добри односи меѓу различните вери“, вели папата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира