Дејвид Бекам остана без возачка дозвола на шест месеци откако беше фатен како зборува на мобилен телефон во возење.
Поранешниот капитен на англиската репрезентација претходно се изјасни како виновен дека користел мобилен телефон додека го возел своето „бентли“ во централен Лондон на 21 ноември минатата година. Тој беше фотографиран од случаен минувач како држи мобилен во рака додека се движи низ „бавен сообраќај“.
Бекам исто така ќе мора да плати казна од 750 фунти, плус 175 фунти судски трошоци.
„Место да гледа право и да внимава на патот, тој гледаше во својот телефон“, изјави обвинителот Метју Спрат.
Адвокатот на Бекам изјави дека тој не се сеќава на денот кога се случил наводниот инцидент.