РАБОТНИК ГО УБИЛ ГАЗДАТА ХОЛАНЃАНЕЦ ВО РАСАДНИК ВО ПРЕЉУБИШТЕ, ТЕТОВСКО

    РАБОТНИК ГО УБИЛ ГАЗДАТА ХОЛАНЃАНЕЦ ВО РАСАДНИК ВО ПРЕЉУБИШТЕ, ТЕТОВСКООсомничениот работник во расадникот го убил сопственикот со камен по глава, по расправија и физичка пресметка. (Фото: СДК.МК)

    Работник го убил работодавецот Холанѓанец, сопственик на расадник во селото Прељубиште, тетовско, соопшти Обвинителството. Убиството се случило денеска во 13:30 часот, а убиецот на 60-годишниот државјанин на Кралството Холандија е 45-годишен жител на тетовското село Јанчиште. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово врши увид на местото на убиството.

    „Осомничениот вработен во расадникот најпрвин започнал вербална расправија, а потоа и физичка пресметка со работодавачот. Притоа, тој му задал удар со камен во главата и му нанел смртоносни повреди. Јавниот обвинител издаде наредби за обезбедување на траги и нивно натамошно вештачење и наредба за обдукција на починатото лице, а одземени се и видео записи од мобилен телефон на очевидец на настанот. Осомничениот е лишен од слобода, а истрагата во обвинителството продолжува до целосно расчистување на случајот“, соопшти Обвинителството.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира