ФРЛААТ ЃУБРЕ И ВО ИЗВОРИТЕ ВО СВЕТИ НАУМ, ВЕЛИ ОХРИДСКИОТ НУРКАЧ ПАСКАЛИ

    ФРЛААТ ЃУБРЕ И ВО ИЗВОРИТЕ ВО СВЕТИ НАУМ, ВЕЛИ ОХРИДСКИОТ НУРКАЧ ПАСКАЛИОхридскиот нуркач Никола Паскали деновиве нуркаше на длабочина од три метри во изворот на Црн Дрим во Свети Наум. (Фото: Акватек)

    И во изворите на реката Црн Дрим кај Свети Наум посетители фрлаат ѓубре, вели охридскиот нуркач Никола Паскали. Тој, заедно со други нуркачи од Центарот за подводни активности „Акватек“, деновиве слегоа во самиот извор нуркајќи на длабочина од три метри. Изворите се познати по водата која е чиста како солза.

    „Целта ни беше да го истражиме дното на овие извори. Има разновидна флора и фауна, тоа се величествени глетки. Нуркавме до самото дно, на околу три метри под површината на водата. За жал, и на ова место кое има кристално чиста вода наидовме на фрлено ѓубре. Навистина, го нема во такви количини како во крајбрежниот дел на Охриското Езеро, но за прв пат видовме дека и изворите се загадуваат. Отпад најдовме на неколку места од извориштето на Црн Дрим“, вели Паскали.

    До изворите во Свети Наум гостите и охриѓани од брегот доаѓаат со чамци.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира