По Франческо Тоти, Рома останува без уште една своја икона, откако Даниеле де Роси објави дека ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната и ќе ја продолжи кариерата во странство. Триесет и петгодишниот Роси за последен пат ќе го носи дресот на Рома на мечот со Парма на 26 мај.
Тој ѝ се придружи на Рома во 2000 година од својот матичен клуб Остија маре и оттогаш забележа 615 настапи (втор на вечната листа зад Тоти) и 63 голови.
„Ова не значи дека Де Роси се пензионира, туку тој почнува нова авантура на некое друго место. Тоа ќе биде некаде далеку од Рим“, се вели во соопштението на Рома.
Де Роси освои три куп трофеи со Рома, а со Италија стана светски шампион во 2006 година. Еден од неговите први меѓународни настапи за Рома беше против Вардар во 2003 година во тогашниот Куп на УЕФА.