ЗАБАВНИОТ ПАРК КАЈ „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“ Е НА ПРИВАТЕН ИМОТ, НЕ СМЕ НАДЛЕЖНИ, ВЕЛАТ ОД ГРАД СКОПЈЕ И ОПШТИНА КАРПОШ

    ЗАБАВНИОТ ПАРК КАЈ „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“ Е НА ПРИВАТЕН ИМОТ, НЕ СМЕ НАДЛЕЖНИ, ВЕЛАТ ОД ГРАД СКОПЈЕ И ОПШТИНА КАРПОШПоставени се реквизити за деца и возрасни, картата за едно возење на еден реквизит е 100 денари, а забавниот парк ќе работи до 15 јуни. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Забавниот парк пред базенот „Борис Трајковски“ се наоѓа на приватен имот и затоа не треба да даваме дозвола за поставување на реквизитите, велат од Град Скопје и Општина Карпош. Деновиве, на празниот простор пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ поставени се реквизити за деца и возрасни. Картата за едно возење на еден реквизит е 100 денари, а забавниот парк ќе работи до 15 јуни.

    Како што велат од Град Скопје закупник на просторот е фирмата „Луна 10 Битола“, која е регистрирана за вршење дејност забавни и тематски паркови.

    „Станува збор за отворен парк, со кој Град Скопје нема никаква поврзаност и допирна точка. Реквизитите за забавниот парк се монтираат на земјиште кое е во приватна сопственост и изведувачот плаќа закупнина за пласирањето на реквизитите на одредената локација. Градот Скопје нема никаква надлежност за давање на дозволи за работа на вакви паркови ниту пак за контрола на безбедноста и исправноста на реквизитите“, велат од Град Скопје.

    И од Општина Карпош објаснуваат дека тие немаат никаква надлежност да издавање дозвола и наплата на такса за поставување на забавниот парк оти е приватен имот.

    „Ние издаваме дозволи и наплатуваме комунална така само за содржини поставени на јавна површина“, велат од Општина Карпош.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира