УЕФА Е СИГУРНА ДЕКА НЕМАЛО НАМЕСТЕНИ НАТПРЕВАРИ НА ЕВРОПСКОТО

    УЕФА Е СИГУРНА ДЕКА НЕМАЛО НАМЕСТЕНИ НАТПРЕВАРИ НА ЕВРОПСКОТО

    Европското првенство во Франција помина без ниту еден случај на местење натпревари или нерегуларно обложување, соопшти УЕФА.

    Европската фудбалска организација вели дека вовела серија мерки за задржување на интегритетот на фудбалскиот шампионат за да спречи нерегуларности и тие се покажале како невиден успех.

    Сите 24 учесници, како и судиите биле запознаени со мерките пред почетокот на турнирот во Франција, а системот на УЕФА за откривање на сомнителни облози ги следел сите натпревари.

    „Немаше сомнежи за интегритетот на ниту еден од 51-те натпревари на турнирот во Франција. Многу сме задоволни од мерките коишто беа воведени за првпат на ова Европско првенство”, соопшти Емилио Гарсија, шефот на Комитетот за дисциплина и интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира