ЕКСРАКОВОДСТВОТО НА БИТОЛСКА „НИСКОГРАДБА“ ПРЕСКАПО НАБАВУВАЛО ПЕНКАЛА И ПЛИКОА, А НЕ ГИ ОДРЖУВАЛО ШАХТИТЕ

    ЕКСРАКОВОДСТВОТО НА БИТОЛСКА „НИСКОГРАДБА“ ПРЕСКАПО НАБАВУВАЛО ПЕНКАЛА И ПЛИКОА, А НЕ ГИ ОДРЖУВАЛО ШАХТИТЕПодатоците на последната седница ги објави претседателот на Советот Валентин Груевски, додавајќи дека сегашното раководство мора да ги отплаќа кредитите и каматите од претходниците поради што не можат да купат повеќе механизација и со поголем интензитет да градат нови канализации (Фото: СДК.МК)

    Дури девет пати поскапи пенкала од сегашните, а пликови по пет пати повисока цена набавувало поранешното раководство на Јавното претпријатие „Нискоградба“ од Битола кое е задолжено да се грижи за одржување на улиците. Податоците на последната седница ги објави претседателот на Советот Валентин Груевски, додавајќи дека сегашното раководство мора да ги отплаќа кредитите и каматите од претходниците поради што не можат да купат повеќе механизација и со поголем интензитет да градат нови канализации.

    „Топ копирна хартија А4 формат го плаќале во 2016 година 286 денари, во 2017 година 298 денари, а во 2018 -140 денари. Еден регистратор во 2016 година го плаќале 168 денари, во 2017 година 192 денари, а сега 65 денари. Плаќале пликови за сметки од 4,13 денари, 2017 4,55 денари, а сега 0,75 денари. Во Битола има околу 20.000 домаќинства кои добиваат сметки, по 3 денари заработка , тоа се 1.000 евра месечно“, рече Груевски.

    Меѓу поскапите артикли ги наброја се и панкалата, за кои рече дека мора да биле многу модерни зашто во 2017 за нив се плаќале 28,85 денари, а сега 3,19 денари. Поскап бил и тонерот, теслите, либелите, пилите, бетонот… Или вкупно за канцелариски материјал во 2016 биле потрошени милион денари, а годинава 294.000 денари, за градежна галантерија 463.000, а сега 345.000 денари и готов бетон од 3 милиони на 1,8 милиони денари.

    Опозицијата критикуваше дека улиците имаат дупки, шахтите со години не се исчистени, а намалени се и приходите за изградна на нови канализации.

    Директорот на ЈП „Нискоградба“ Менде Силјановски рече дека ги исплаќаат кредитите и каматите земени од претходниците за да може претпријатието да застане на здрави нозе.

    „Од кредитот 30 милиони денари во 2014 година, кон доверители се исплатени околу 13,7 милиони. Ратата на кредитот до први април беше околу 740.000 денари. Еден кредит се исплати во април годинава, другиот во мај лани, а третиот ќе се исплати на први јули годинава, останат е уште еден кредит од 14 милиони за кој ‘Нискоградба’ има платено само камата од 900.000 денари“, рече Силјановски.

    За сливниците и шахтите рече дека 20 години наназад, независно кој бил на власт, не биле одржувани. Сега е формирана екипа која ќе направи увид за да се санира ситуацијата.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира