НА СИНОТ НА НАНО РУЖИН АДУТ МУ Е САМО ТАТКОТО, МУ РЕЧЕ МИЛОШОСКИ НА ЗАЕВ, ТОЈ МУ ВРАТИ ДЕКА НЕМУ КАКО МИНИСТЕР СОВЕТНИК МУ БИЛ МАЖОТ НА ЈАНКУЛОСКА

    НА СИНОТ НА НАНО РУЖИН АДУТ МУ Е САМО ТАТКОТО, МУ РЕЧЕ МИЛОШОСКИ НА ЗАЕВ, ТОЈ МУ ВРАТИ ДЕКА НЕМУ КАКО МИНИСТЕР СОВЕТНИК МУ БИЛ МАЖОТ НА ЈАНКУЛОСКАПоранешниот министер за надворешни работи Антонијо Милошоски го праша Зоран Заев по кои критериуми се водел кога ги назначувал Александар Ружин и Љупчо Зафировски за советници и со што ги заслужиле месечните примања. (Фото: К. Попов)

    На денешната собраниска седница за пратенички прашања, премиерот Зоран Заев ги бранеше своите советници Александар Ружин и Љупчо Зафировски, одговарајќи му на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски. Поранешниот министер за надворешни работи го праша Заев по кои критериуми се водел кога ги назначувал двајцата за советници и со што ги заслужиле месечните примања од 50 и 75 илјади денари. За Александар Ружин, Милошоски кажа дека единствен адут му е тоа што е син на Нано Ружин, кој, како што кажа пратеникот, како експерт се појавува на телевизии и го фали Заев.

    „Александар Ружин е син поранешниот амбасадор Нано Ружин. Со него работиме на неколку проекти, а еден од тие проекти е привлекување на странски инвестиции од Франција. Тој е присутен во ТИРЗ зоните, разговара со градоначалниците и учествува во постапката за анимирање на француските компании во делот на екологијата. Конекциите кои ги има овозможуваат да биде олеснувач и администратор на постапките и други процеси“, одговори Заев и го потсети Милошоски дека советник во неговиот министерски кабинет бил и сопругот на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

    За примањата на советникот Зафировски, Заев рече дека се повисоки затоа што тој поголемиот дел од времето го поминува во Франција. Го пофали и дека има врски во кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон.

    „Тој има врски во дипломатскиот дел до кабинетот на Макрон и со Владата во Франција, која има малку инфо за она што се случува тука. Некогаш се потребни повеќе информации за да го привлечеме кабинетот на Макрон на наша страна. Знаете дека Франција, Холандија и Данска беа со резерва за проширувањето на ЕУ кон Македонија“, рече Заев.

    М. ИЛИОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира