Две камери кои беа поставени во националниот парк Марвово за да се следи движењето на балканскиот рис и на други животни се украдени од непознати сторители, соопшти СВР Тетово. Кражбата била пријавена вчера од член на Ренџерската служба во паркот.
Таа се случила во периодот меѓу 29 март и 28 мај, при што се одземени две камери поставени во атарот на селото Требиште, во месноста Солиште.
Камерите во сопственост на националниот парк Марвово се користеа во рамките на проектот „Заштита на балканскиот рис“.