На Клиниката за токсикологија при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ примени се деветмина пациенти, поради повреди и труење со чад од пожарот во скопската населба Кисела Вода. Министерството за здравство соопшти дека луѓето се во добра општа состојба.
„Тројца пожарникари се повредени. Едниот од нив има изгореници на десната дланка и веднаш е прегледан од пластичен хирург. Другите двајца пожарникари вдишиле чад. Останатите пациенти се станари од зграда, затруени од чад“, велат од Министерство за здравство.
Во пожарот во Кисела Вода беа опожарени три стана од кои еден целосно. Пожарот е локализиран, а интервенцијата траеше два и пол часа и во неа учествуваа 11 противпожарни возила.
Е. БОЧВАРОСКА