НЕ СЕ СИТЕ ЧЛЕНКИ НА ЕУ СПРЕМНИ ДА ОДРЕДАТ ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ, МУ КАЖА ТУСК НА ПЕНДАРОВСКИ

    НЕ СЕ СИТЕ ЧЛЕНКИ НА ЕУ СПРЕМНИ ДА ОДРЕДАТ ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ, МУ КАЖА ТУСК НА ПЕНДАРОВСКИПретседателот Стево Пендаровски денеска е во Брисел во прва официјална посета во странство. - Пендаровски со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск (Фото: Твитер/Доналд Туск)

    Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск му кажа на претседателот Стево Пендаровски дека не сите земји членки на ЕУ се подготвени да донесат одлука за отворање преговори во наредните денови. На Пендаровски, кој денеска е во Брисел во прва официјална посета во странство, Туск му рече дека треба да се биде внимателен затоа што понекогаш постигнувањето консензус меѓу 28 земји знае да трае подолго.

    „Вие направивте сѐ што се очекуваше од вас. Но, сакам бидам искрен со вас: Не сите земји членки подготвени да донесат одлука за отворање преговори во наредните денови. Лично верува дека може да има само една одлука: Да се отворат преговори согласно препораките на Европската комисија, и за Северна Македонија и за Албанија. Прашањето денеска не е дали, туку кога. Малку сум внимателен, бидејќи знам дека понекогаш постигнувањето консензус меѓу 28 земји знае да трае подолго отколку што би сакал“, кажа Туск.

    Претседателот на Европскиот совет, телото на ЕУ што ја носи одлуката за одредување датум, вели дека не сака да ги прејудицирам со одлуките на ЕУ, но ја пофали Македонија за сработеното во изминатите две години.

    „Изминативе две години, вашата земја ги испорача сите вистински политички сигнали што ЕУ ги очекува од кандидатите. И навистина, отворањето на пристапните преговори беше во центарот на нашите разговори денеска. Да останам во рамките на мојата улога на претседател на Европскиот совет, не сакам да прејудицирам со одлуките на ЕУ“, кажа Туск.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира