На планината Галичица кај Охрид летово посетителите скара можат да прават само на две места кои се уредени. Посетителите кои ќе бидат фатени како палат стрништа или плевели казната се движи од 1.500 до 8.000 евра зависно дали се физички или правни лица.
“Во границите на паркот постојат две излетнички места, Корита и Јадера, каде е уредено и дозволено палење оган односно правење скара. Чуварската служба на ЈУ Национален парк ‘Галичица‘ против оние кои нема да ја почитуваат оваа препорака ќе превземе мерки согласно законот. Истовремено потсетуваме дека строго е забрането палање на стрништата, плевели и други одпадоци . Потсетување казната за ваква активност изнесува од 6.000 до 8000 евра за правни лица, а од 1500 до 3000 евра за физичко лице”, велат од Националниот парк “Галичица”.
Изминитиве лета на планината Галичица беа предизвикани неколку поголеми пожари најчесто поради палење на стрништа и плевели.
Д. ЧУБРИЌ