ГРАД СКОПЈЕ ПОЧНА СО РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СТАЦИОНАРОТ ВАРДАРИШТЕ

    ГРАД СКОПЈЕ ПОЧНА СО РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СТАЦИОНАРОТ ВАРДАРИШТЕОбјектите ќе бидат комплетно реконструирани, нов покрив, подлога и боксови за кучињата според најсовремени стандарди за благосостојба на бездомните животни.(Фото: Град Скопје)

    Град Скопје денеска почна со градежни работи за реконструкција на стационарот за улични кучиња „Вардариште“. Предвидено е да се реконструираат двата објекти во стационарот. Најпрво ќе се врши демонтажа на постојните метални боксови каде се чуваат заловени кучиња.

    „Откако ќе бидат извадени метални конструкции на боксовите ќе се ослободи простор за слободен пристап на градежната механизација. Објектите ќе бидат комплетно реконструирани, нов покрив, подлога и боксови за кучињата според најсовремени стандарди за благосостојба на бездомните животни“, вели директорката на ЈП „Лајка“ Тина Петрушевска.

    Град Скопје на 28 февруари донесе одлука за формирање јавно претпријатија за улични кучиња, со цел да се подобри нивниот третман.

    Во април Агенцијата за храна и ветеринарство го затвори стационарот „Вардариште“ поради појава на заразни болести и пропусти во работењето. Тогаш директорката Петрушевска изјави дека лично таа побарала да се направи контрола за да знае што наследува.

    „Кога дојдов на функцијата затекнав многу лоши услови. Таму со години ништо не се работело и се толерирала ваква состојба. За да почнеме со проектот за реновирање моравме да знаеме што наследуваме. Наодите од Агенцијата за храна и ветеринарство не нè изненадија“, изјави на 8 април Петрушевска.

    Откако е затворен стационарот улични кучиња не се заловуваат туку само доколку станува збор за куче кое каснало човек.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира