ВЛАДИМИР КЛИЧКО И СЕМЕЈСТВОТО СПАСЕНИ ОД ЗАПАЛЕНА ЈАХТА ВО ШПАНИЈА

    ВЛАДИМИР КЛИЧКО И СЕМЕЈСТВОТО СПАСЕНИ ОД ЗАПАЛЕНА ЈАХТА ВО ШПАНИЈАКличко изјави дека никој не бил повреден во инцидентот

    Поранешниот светски првак во тешка категорија Владимир Кличко и неговото семејство биле спасени од шпанската крајбрежна стража откако се запалила нивната изнајмена јахта.

    Кличко, кој ја заврши кариерата по поразот од Ентони Џошуа во април 2017, откри дека инцидентот се случил додека патувале од Ибица за Мајорка.

    „Нашето патување со брод заврши со пожар, при што моите семејство и пријатели беа евакуирани од крајбрежната стража и пожарникарски спасувачки тим“, напиша Кличко на Твитер.

    Тој подоцна изјави дека никој не бил повреден.

    „Сите сме добро. Беше три наутро и бевме седум морски милји од брегот кога наеднаш видовме дека бродот гори. Требаше време ситуацијата да се стави под контрола, но за среќа, добивме помош од спасувачки тимови од Мајорка“, додаде Украинецот, кој размислува да се врати во ринг.

    Шпанските власти кажаа дека пожарот избувнал во пределот на моторот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира