Британската полиција уапси 93-годишна жена не затоа што сторила криминал, туку за да ѝ исполни последна желба.
Во твитот што собра повеќе од илјада лајкови, Пем Смит ѝ се заблагодари на полицијата на Манчестер за гестот кон нејзината баба Џози Брдс.
„Голема благодарност до полицијата што денеска ја ‘уапси‘ баба ми Џози. Таа има 93 години и нејзиното здравје е нарушено, па посака да биде уапсена за нешто пред да биде доцна. Таа има златно срце и навистина уживаше денеска“, напиша Смит.
Ова не е прв „инцидент“ од ваков тип. Во март, ваква желба ѝ беше исполнета и на 104-годишничка од Бристол.
„Полицијата на Манчестер направи многу среќна една стара госпоѓа. Таа е доста слаба и сакаше да направи нешто вакво додека има сила да ужива. Таа беше добра цел живот, па сакаше да искуси вакво нешто“, додаде Смит.