НОВИ СУБВЕНЦИИ ОД ГРАД СКОПЈЕ ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ ТРОТИНЕТИ, ПАРИ ИМА ЗА 215 ГРАЃАНИ

    НОВИ СУБВЕНЦИИ ОД ГРАД СКОПЈЕ ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ ТРОТИНЕТИ, ПАРИ ИМА ЗА 215 ГРАЃАНИ„Со купувањето на велосипеди и тротинети ќе се намали трошокот за набавка и потребата од користење на автомобили, ќе се заштеди на потрошувачката на гориво и ќе се афирмира заложбата на Град Скопје за почиста и поздрава животна средина“, вели градоначалникот Петре Шилегов (Фото: СДК.МК)

    Град Скопје денес распиша два јавни повици за субвенции за купување електрични тротинети и за велосипеди.

    Првиот повик се однесува на граѓаните кои од 1 јануари купиле тротинет во Македонија, а ќе трае сè до исцрпување на буџетот, кој изнесува 1,5 милиони денари, или не подоцна од 30 ноември. Градот ќе надомести дел од средствата за набавка во износ од 30 отсто од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

    Во повикот за субвенции на велoсипеди е наведено дека треба да биде купен од 27 мај, а тој ќе трае сè до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик, кој иzнесува 2 милиони денари, или не подоцна од 30 ноември. Градот Скопје покрива 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

    Барателот треба да ги исполни следниве услови – да е жител на Град Скопје (во општините Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари), подносителот на барањето досега да нема добиено финансиски средства за набавка на велосипед од Град Скопје и велосипедот да го купи од денот на објавување до денот на завршување на јавниот повик.

    Јавните повици ќе се реализираат по принципот „прв дојден, прв услужен“.

    Минатата година Градот Скопје за првпат даваше субвенции за електрични тротинети и стигнаа 117 барања за субвенции, додека ова е втор јавен повик за субвенции за купување на велосипеди во 2019 година, а во првиот повик пристигнаа 3.472 барања за субвенции.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира