Собраниската расправа за реконструкција на Владата продолжи со барање од ВМРО-ДПМНЕ премиерот Зоран Заев да го повлече предлогот да биде и министер за финансии.
„Јас нема да бидам министер. Ќе раководам со Министерството за финансии, со одлука на Владата, до изборот на нов министер за финансии“, рече Заев.
Но, негодувањата продолжија. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ прашаа зошто го менува министерот за финансии, кога во исто време тврди дека економијата расте, „тече мед и млеко во државата“.
„Ветив економска лекција, ќе ја одржам. Враќање нема. И знаете што ќе значи тоа? Тоа ќе донесе 4 нови години опозиција на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Заев.
- ЗА БЕЛИЗЕ МНОГУ ВИ Е ПОЗНАТО, НЕ ЗНАМ ОД КАДЕ, МУ РЕЧЕ ЗАЕВ НА МИЛОШОСКИ ПО ЗАБЕЛЕШКАТА ДЕКА САМО ТАМУ ПРЕМИЕРОТ Е И МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ
- ТЕВДОВСКИ НЕ Е МЕЃУ МИНИСТРИТЕ ШТО СИ ПОДНЕЛЕ ОСТАВКА
- ГО ПОВЛЕКУВАМ ПРЕДЛОГОТ ДА БИДАМ И МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ, ИАКО УСТАВОТ И ЗАКОНИТЕ ГО ДОЗВОЛУВААТ ТОА, КАЖА ЗАЕВ ВО СОБРАНИЕТО
- АНТИКОРУПЦИСКА ПРЕДУПРЕДИ ДЕКА ЗАЕВ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ И ПРЕМИЕР И МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ
На забелешките каде се ветените 500 евра просечна плата во Северна Македонија, Заев рече дека токму затоа влегува во финансии и оти тоа ветување и ветувањето кон пензионерите, ќе го исполни.
С. К. ДЕЛЕВСКА