МЕНЕ САМО ЕДНАШ МИ ИСТУРИЈА ВОДА НА ГЛАВА, НЕ СИ ИГРАЈТЕ СО МОЕТО ТРПЕНИЕ, ПОТСЕТИ ТАЛАТ ЏАФЕРИ НА ПОЛЕВАЊЕТО ОД НИКОЛА ГРУЕВСКИ

    МЕНЕ САМО ЕДНАШ МИ ИСТУРИЈА ВОДА НА ГЛАВА, НЕ СИ ИГРАЈТЕ СО МОЕТО ТРПЕНИЕ, ПОТСЕТИ ТАЛАТ ЏАФЕРИ НА ПОЛЕВАЊЕТО ОД НИКОЛА ГРУЕВСКИПратеникот Зијадин Села денеска во Собранието кажа дека ќе земе спреј и над главата над Талат Џафери и ќе напише „Доле ДУИ“. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Пратеникот и лидер на Алијанса за Албанците Зијадин Села апелираше кај премиерот Зоран Заев да направи реформи во правдата, да нема веќе селективност во пресудите и да ги тргне веќе еднаш „сваровски“ судиите.

    Како најнов пример за малтретирање, според него, е што полицијата повикува на разговор цртачи на графити и со часови ги тера да го кажат организаторот на цртањето, односно на слободното изразување на мисла.

    „Ако следен пат ги приведат и бараат организатор, јас ќе земам спреј и овде над вашата глава Џафери, ќе напишам ’Доле ДУИ!’ и ќе се пријавам за организатор на пишувањето графити“, рече Села.

    На ова, спикерот Талат Џафери се потсети на седницата од 14 март 2018 кога поранешниот пратеник Никола Груевски истури вода врз него и рече:

    „Мене само еднаш овде ми истурија вода на глава и јас тоа нема повеќе да го толерирам. Не си играјте со моето трпение!”.

    Но, Заев изненади со одговорот на нападите од Села за селективна правда, со тоа што не му се спротивстави, туку го поддржа и се надоврза на неговото тврдење.

    „И кај мене остана тоа чувство на горчина дека има селективна правда за случаите што ги споменавте. За убиството на Никола Саздовски изречена е 14-годишна, а за малиот Алмир 7-годишна затворска казна. И јас се согласувам дека правдата мора да е воедначена“, го нарече Заев убиство случајот на удирањето со кола во ѕид на Алмир, контра Обвинителството и Основниот суд Куманово.

    По паузата за ручек, продолжува расправата за изборот на новите министри што ги предлага Заев.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира