НОВ АСФАЛТ НА УЛИЦАТА ЛАЗАР ЛИЧЕНОСКИ ОД МОСТОТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ДО СРЦ „КАЛЕ“

    НОВ АСФАЛТ НА УЛИЦАТА ЛАЗАР ЛИЧЕНОСКИ ОД МОСТОТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ДО СРЦ „КАЛЕ“Како што кажа градоначалникот Петре Шилегов, улицата ќе биде завршена за 20 дена.(Фото: Град Скопје)

    Град Скопје денеска почна со реконструкцијата на улицата Лазар Личеноски. Во првата фаза ќе се реновираат 500 метри односно на потегот од мостот Гоце Делчев до СРЦ „Кале“. Останатиот дел од улицата до амбасадата на САД ќе се обновува догодина. Како што кажа градоначалникот Петре Шилегов улицата ќе биде завршена за 20 дена.

    „Предвидено е комплетно стружење на коловозот и поставување на нов асфалт со површина. Дополнително на оваа улица предвидено е и асфалтирање на тротоарите и поставување на нови бетонски рабници. Овие активности ќе придонесат и за оплеменување на просторот околу Скопското Кале. За реконструкцијата на оваа улица Град Скопје ќе потроши околу 10,6 милиони денари со пресметан ДДВ“, рече Шилегов.

    Од Град Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и на дневна основа да ги следат информациите за привремен сообраќаен режим што ги објавува Град Скопје.

    А. АНТЕВСКА

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира