Еден од омилените професори на голем број генерации во гимназијата „Раде Јовчевски-Корчагин“, активен учесник во културниот живот и скопска урбана легенда, Стефан Сидовски-Сидо почина денеска во Скопје.
Тој 36 години предаваше филозофија во „Корчагин’, а работеше и како вонреден професор по историја на филм и теорија на филм на Универзитетот ЕСРА.
Познат низ градот како Сидо, тој беше режисер и глумец во своите аматерски филмови, а има и еден краткометражен професионален филм: „Контејнер“ (2008), „ Полуден револуционер“ (2015), „Raison d’etre“ (2006), „Средба“ (2014), „Големиот оратор“ (2007), „C’est la Vie“(2016).
Се појави и во ТВ-серијата „Преспав“, а неговиот последен филм е насловен „Последното кафе“, кој е достапен на Јутјуб.