Обвинителката од СЈО Лиле Стефанова во редовна комуникација обвинител – притворено лице, на Миле Јанакиески по завршувањето на судскиот процес „Траекторија“ му пристапи да го праша за синоќешниот преглед на бубрезите во болница.
Откако и кажа дека му се слошило, таа му кажа:
„Со одбивањето храна во затворот, самиот си ја влошувате здравствената состојба. Си го уништувате животот“.
„Ова не е живот“, се пожали пред неа Јанакиески, по што таа му даде уште неколку совети и си замина заедно со сите присутни во судницата.
Обвинителите и судиите, според законот, обврзани се да се грижат за здравјето, правата и состојбата на притворените лица во нивните предмети.
Јанакиески, според болнички извори, се пожалил на болка во пределот на бубрезите, по што бил прегледан в болница од специјалист. Но, тој не нашол дијагноза и причина за да биде задржан Јанакиески на болничко лекување. Препорачал лекарски надзор во затворот во Шутка.
С. К. ДЕЛЕВСКА