Нема загинати македонски државјани во невремето кое вчера попладне го зафати грчкиот полуостров Халкидики, информираат од Министерството за надворешни работи.
Оттаму велат дека се во постојана комуникацијата со Генералниот конзулат на Северна Македонија во Солун и засега нема пријава дека македонски граѓани настрадале во невремето. Граѓани кои евентуално се повредени во невремето во Грција можат да го контактираат Генералниот конзулат во Солун на телефонските броеви 00302310277347 и 00302310277348, како и амбасадата во Атина на бројот 00302106749585.
„Заради нерасчистени патишта, пад на дрвја и проблеми со снабдувањето на електрична енергија во регионот, локалните власти препорачуваат луѓето во регионот да не се движат без причина додека трае расчистувањето и не се нормализира снабдувањето со струја“, велат од Министерството за надворешни работи.
Во големото невремето кое синоќа го зафати Халкидики загинаа шест лица и има десетици повредени.