БАРСЕЛОНА ГО ОТКУПИ ГРИЗМАН ЗА 120 МИЛИОНИ ЕВРА, АТЛЕТИКО СЕ ЖАЛИ ДЕКА Е МАЛКУ

    БАРСЕЛОНА ГО ОТКУПИ ГРИЗМАН ЗА 120 МИЛИОНИ ЕВРА, АТЛЕТИКО СЕ ЖАЛИ ДЕКА Е МАЛКУАтлетико смета дека требаше да добие 200 милиони евра за Гризман (Фото: Гети)

    Барселона потпиша петгодишен договор со францускиот напаѓач Антоан Гризман, откако го откупи од Атлетико Мадрид за 120 милиони евра. Каталонците во исто време го обезбедија 28-годишниот светски првак со откупна клаузула од 800 милиони евра.

    Пред само 13 месеци, Гризман потпиша нов петгодишен договор со Атлетико, за во мај да изјави дека сака да си замине. Тој сега стана шестиот најскап фудбалер на светот, зад Дембеле, Жоао Феликс, Кутињо, Мбапе и Нејмар.

    Атлетико се пожали од пристапот на Барселона, сметајќи дека откупната клаузула од 120 милиони е премала.

    „Адвокатот на Гризман дојде во седиштето на лигата и еднострано ги раскина неговите врски со Атлетико. Ние сметаме дека раскинувањето на договорот се случи уште пред крајот на сезоната, кога откупната клаузула изнесуваше 200 милиони евра“, соопшти Атлетико, кој првпат ја пријави Барселона во ФИФА во декември 2017.

    Гризман беше непознат за пошироката јавност кога Атлетико го доведе од Реал Сосиедад во 2014, за потоа да стане еден од најдобрите напаѓачи во Европа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира