ДИВОГРАДИТЕЛОТ УСЕИНИ НЕ МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВА НА ТЕНДЕРОТ ЗА УРИВАЊЕ ДИВОГРАДБИ ВО ОХРИД ОТИ Е ЧЛЕН НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНАТА, ВЕЛАТ ОД АНТИКОРУПЦИСКА

    ДИВОГРАДИТЕЛОТ УСЕИНИ НЕ МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВА НА ТЕНДЕРОТ ЗА УРИВАЊЕ ДИВОГРАДБИ ВО ОХРИД ОТИ Е ЧЛЕН НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНАТА, ВЕЛАТ ОД АНТИКОРУПЦИСКАФирмата на Усеини „Нефи ИК“ е една од пријавените фирми на тендерот кој Општина Охрид го распиша за уривање на дивоградбите. - Усеини и струшкиот градоначалник Мерко на отворањето на пицеријата дивоградба кај Чинарот. (Фото: Фејсбук)

    Фирмата на Нефи Усеини, сопственик на пицеријата дивоградба кај Чинарот во центарот на Охрид не смее да учествува на тендерот кој Општината го распиша за уривање на дивоградби, велат од Антикорупциската комисијата.

    Фирмата на Усеини „Нефи ИК“ е една од пријавените фирми на тендерот кој Општина Охрид го распиша за уривање на дивоградбите. Од Антикорупциска објаснуваат дека Усеини е член на Советот на Општина Охрид и затоа постои потенцијален судир на интереси за добивање на тендер од Општината.

    „Според член 51 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси службено лице во вршењето на својата функција, јавни овластувања или должности не може да воспостави деловни односи со правно лице кое е во негова сопственост или во сопственост на член на неговото семејство или во кое тој или член на неговото семејство поседува акции или удели или кое го основал тој или член на неговото семејство или во кое одговорното лице е член на неговото семејство“, велат од Антикорупциската комисија.

    Доколку службеното лице постапи спротивно на овој член, на склучениот договор се применуваат одредбите за ништовност на договорот од Законот за облигационите односи, објаснуваат од Антикорупциска комисија.

    Минатиот четврток Усеини заедно со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко со сечење на црвена лента и огномет ја отворија пицеријата која е дивоградба во центарот на Охрид.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира