Во националниот парк Галичица почна изградбата на репродуктивен центар за елени. Центарот со големина од стотина хектари ќе биде дом на 30 елени (24 женки и шест мажјаци) и ќе биде опремен со модерна инфраструктура: карантин, хранилишта, поилишта, солишта и набљудувачници.
„Проектот вреден 340.000 евра е дел од програмата на Европската унија ‘Подобрување на управувањето со заштитените подрачја‘, а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање”, сооштија од Националниот парк.
Националниот парк Галичица во рамките на проектот спроведува и активности за подобрување на управувањето со планинските тревести екосистеми, со цел нивно зачувување и запирање на процесот на сукцесија.
Д. ЧУБРИЌ