ЛИДЕРОТ НА АМЕРИКАНСКИТЕ ДЕМОКРАТИ ГО ПОВИКА ФБИ ДА ЈА ИСТРАЖИ РУСКАТА АПЛИКАЦИЈА КОЈА ГИ ПРАВИ ЛУЃЕТО СТАРИ

    ЛИДЕРОТ НА АМЕРИКАНСКИТЕ ДЕМОКРАТИ ГО ПОВИКА ФБИ ДА ЈА ИСТРАЖИ РУСКАТА АПЛИКАЦИЈА КОЈА ГИ ПРАВИ ЛУЃЕТО СТАРИАпликацијата FaceApp се прошири на социјалните мрежи во последните денови (Фото: АП)

    Лидерот на Демократите во американскиот Сенат, Чак Шумер, побара истрага против апликацијата FaceApp, која во последниот период стана популарна низ цел свет бидејќи, меѓу другото, им овозможува на корисниците да видат како ќе изгледаат на стари години.

    Апликацијата е развиена од руска компанија и изминативе денови нагло се прошири на социјалните мрежи.

    Шумер изјави дека е „длабоко загрижувачки“ што личните податоци на американските државјани можат да завршат кај „непријателски странски сили“. Тој ги повика ФБИ и Федералната комисија за трговија да ја испитаат апликацијата и побара од претседателските кандидати да не ја користат.

    Загрижен сум како за заштитата на податоците кои се собираат, така и за тоа дали корисниците се свесни кој може да има пристап до нив“, напиша Шумер на Твитер.

    Ваерлес леб“, компанија со седиште во Санкт Петербург, тврди дека не ги чува трајно сите фотографии и дека не собира лични податоци.

    Иако седиштето на тимот е во Русија, податоците на корисниците не се префрлуваат во Русија“, објави компанијата.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира