Осум мртви – објави минхенската полиција официјално на Твитер во нападот во трговскиот центар Олимпија.
Деца тешко повредени, некои и во животна опасност се донесени во болница по нападот во Минхен, јави телевизијата „Ер-Те-Ел“. Претхoдно, Дојче веле емитуваше изјава на очевидец кој рече дека напаѓачот пукал во деца кои јаделе во „Мекдоналдс“ во трговскиот центар. Акцијата на полицијата по 3-та напаѓачи упте трае, а полицијата предупреди да нема поголеми собири во градот. Најмалку осуммина загинаа, а тројца се повредени се повредени при пукањето во трговски центар во Минхен, потврди полицијата и рече дека нападот го третира со сомнеж за тероризам.
Според видео што се појави во медиумите, еден од напаѓачите во Минхен е снимен на покрив од зграда и вика: „Јас сум Германец“. Се повеќе се зборува оти можеби станува збор за напад на екстремна десница затоа што денеска е 5-годишнина од терористичкиот напад во Норвешка што го изведе екстремниот норвешки десничар Андрес Брејвик, во кој загинаа 77 млади луѓе.