Утре и во сабота Град Скопје заедно со Општините и јавните претпријатија ќе го чистат Скопје. Градоначалникот Петре Шилегов денеска најави дека наредните два дена ќе спроведат акција за масовно чистење и ги повика скопјани и тие да се приклучат во чистењето.
„Оваа акција ќе ги вклучи сите технички и човечки потенцијали кои ни стојат на располагање, ќе се метат и мијат улиците, ќе се крпат дупките и ќе се поткаструва зеленилото. Ги повикуваме граѓаните кои сакаат да живеат во чист градот да се вклучат во акцијата. После ваквата акција за масовно чистење на нашиот град ќе следи засилен инспекциски надзор и од Градот и од Општините, со цел да се спречи создавање на диви депонии“, рече Шилегов.
Најави дека од наредниот месец во секоја општина ќе бидат определени по пет локации каде во одреден ден од неделата граѓаните ќе можат да го одлагаат кабастиот отпад.
А. АНТЕВСКА