ТОПУЗОВСКИ И НОВАКОВА СО ПРИВРЕМЕНА УМЕТНИЧКА ИНСТАЛАЦИЈА ВРЗ ЗГРАДАТА НА ОПЕРАТА ЗА НАСИЛСТВОТО ВРЗ СКОПЈЕ

    ТОПУЗОВСКИ И НОВАКОВА СО ПРИВРЕМЕНА УМЕТНИЧКА ИНСТАЛАЦИЈА ВРЗ ЗГРАДАТА НА ОПЕРАТА ЗА НАСИЛСТВОТО ВРЗ СКОПЈЕАвторите велат дека проектот се фокусира на просторното насилство, односно како репрезентациите и констелациите на моќта се отелотворени во архитектурата и урбаните простори (Фото: Топузовски/Новакова

    Вечерва во 21: 30 часот во паркот Ибни Пајко во Скопје, на фасадата на Националната опера и балет (НОБ) ќе се реализира привремена уметничка интервенција насловена „Картографија на просторното насилство (Случај на градот Скопје)“.

    Авторите Тихомир Топузовски и Кумјана Новакова велат дека проектот се фокусира на просторното насилство, односно како репрезентациите и констелациите на моќта се отелотворени во архитектурата и урбаните простори, инструментализирајќи ги граѓаните преку политички мобилизации, идентификации и поделби.

    Привремената уметничка интервенција е насловена „Картографија на просторното насилство (Случај на градот Скопје)“

    „Во конкретниот случај, проектот преку визуелна методологија и користење на картограм го прикажува просторното насилство во централниот дел на градот Скопје, на тој начин преиспитувајќи го односот помеѓу материјалноста на урбаните простори, згради, споменици, обележја и спектарот на нематеријални процеси, односно симболичките, етничките и социјалните.

    Реализиран како привремена уметничка интервенција на фасадата на НОБ овој проект создава дополнителна интеракција осмислувајќи нови значења и разбирање на политички одбележаните простори“, велат Топузовски и Новакова, кои соработуваа со Глигор Постолски, Дрен Невзати и Индрит Османи, како и со Мери Батакоја, Јован Ивановски и студентите на Архитектонскиот факултет во Скопје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира