Утринава пред да биде уапсена специјалната обвинителка Катица Јанева, починала нејзината мајка по долго боледување. Погребот, велат извори блиски до семејството, ќе биде утре во Гевгелија, родниот град на Јанева.
Но, Обвинителството за организиран криминал за Јанева веќе побара притвор за злоупотреба на службената положба и овластувањата и на денешната прес-конференција, обвинителката Вилма Рускоска кажа дека тоа нема да влијае на барањето за притвор.
Јанева е осомничена за влијание и олеснување на положбата на Орце Камчев, кој беше во притвор за „Империја“, за што наплатила во мебел вреден околу 5.000 евра.
Јанева е изнесена пред судија на претходна постапка.
С. К. ДЕЛЕВСКА