ОХРИД ЌЕ СОБИРА ПАРИ ДА ИМ КУПИ КАНТИ ЗА ЃУБРЕ НА ГАЗДИТЕ НА РЕСТОРАНИ ЗА ДА НЕ ГО ФРЛААТ ПРЕД КАПЕТАНИЈАТА

    ОХРИД ЌЕ СОБИРА ПАРИ ДА ИМ КУПИ КАНТИ ЗА ЃУБРЕ НА ГАЗДИТЕ НА РЕСТОРАНИ ЗА ДА НЕ ГО ФРЛААТ ПРЕД КАПЕТАНИЈАТАСликата со која Капетанијата во Охрид се соочува секој ден (Фото: СДК.МК)

    Капетанот на Капетанијата на македонските пристаништа во Охрид Горан Устијаноски најави дека од денеска ќе се собираат пари за на газдите на рестораните да им се купат канти за ѓубре, за да не го фрлаат пред зградата на Капетанијата.

    „Ова е сликата пред Капетанијата секој божји ден! Резултат на самопрогласени газди на ресторани, бизнисмени, елита… Сакаат бизнис, добра сезона, секогаш незадоволни од сѐ, секогаш државата крива, секогаш сезоната слаба… Ова се сликите кои ќе ги презентирам на следна дебата за туризам, кога ќе се кинат објаснувајќи колку е тешка бизнис климата, колку нив им е тешко, колку се тие важни за економијата… Срам жив, беда… Од денеска ќе збираме пари за да ви купиме канти за ѓубре, поради слабата сезона да ве помогнеме малку”, напиша капетанот Устијаноски.

    Во околината на зградата на Капетанијата се лоцирани голем број ресторани и кафулиња, кои се меѓу најпосетените од туристите и охриѓани, бидејќи се покрај самото езеро.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира