Нуркачите од „Акватек” денеска пронајдоа и фотографираа затворени бели вреќи со непозната содржина, фрлени во Охридското езерото кај градското шеталиште пред хотелот „Ројал”.
Нуркачот Никола Паскали вели дека нуркачите само го регистрирале присуството на вреќите, но не ги подигнале ниту пак ги отвориле.
“Останува само да се претпоставува што има во нив иако охриѓани почнаа да нагаѓаат за што служеле вреќите”, велат нуркачите.
Нуркачите од “Акватек” деновиве во Охридското езерото снимија и фрлено казанче од тоалет и делови од апарати за домаќинство. Преку објавување на фотографиите нуркачите велат дека сакаат да ја подигнат еколошката свест кај граѓаните, покажувајќи што се’ се фрла во езерото.
Д.ЧУБРИЌ