ЦАРОВСКА ГИ ПОВИКА ОПШТИНИТЕ ДА СИ НАПРАВАТ ПРОЕКТИ ЗА ПОМОШ НА РАНЛИВИ ГРУПИ, НА РАСПОЛАГАЊЕ ИМ СЕ 10,8 МИЛИОНИ ЕВРА

    ЦАРОВСКА ГИ ПОВИКА ОПШТИНИТЕ ДА СИ НАПРАВАТ ПРОЕКТИ ЗА ПОМОШ НА РАНЛИВИ ГРУПИ, НА РАСПОЛАГАЊЕ ИМ СЕ 10,8 МИЛИОНИ ЕВРАОпштините можат да аплицираат за непосредна социјална услуга, помош на индивидуа или семејство, домашна нега, лична асистенција, дневна нега, привремена грижа, мали групни домови, дневни центри и услуги за живеење со поддршка.(Фото: Влада на РСМ)

    10,8 милиони евра можат да добијат општините од Министерството за труд и социјална политика ако направат проекти за ранливи категории на граѓани. Од Министерството ги повикаа општините да аплицираат за грантови за развој на социјални услуги на локално ниво. Општините можат да аплицираат за непосредна социјална услуга, помош на индивидуа или семејство, домашна нега, лична асистенција, дневна нега, привремена грижа, мали групни домови, дневни центри и услуги за живеење со поддршка.

    „Во рамките на проектот обезбедена е техничка помош за општините за проценка на потребите и побарувањата за социјални услуги на локално ниво во периодот додека трае повикот за изразување на интерес На општините кои ќе изразат интерес за добивање грант за развој на социјални услуги, ќе им се обезбеди директна поддршка за подготовка на документите за апликација, вклучувајќи ги и предлог-проектите од страна на експерт ангажиран во рамките проектот“, велат од Министерството за труд и социјална политика.

    Од Министерството додаваат дека целта на овој проект е овие сервиси да ги развиваат самите општини.

    Повикот е веќе објавен, а крајниот рок за аплицирање за добивање на грантовите е 31 октомври.

    Годинава во Општина Центар половина од децата со посебни потреби нема да добијат асистенти бидејќи општинарите не предвиделе пари за оваа намена. Досега проектот целосно го финансираше УНДП, но годинава им било кажано дека поради проширување на помошта и за други општини, Општина Центар ќе добие пари само за 5 ученици, а за останатите 10 деца средствата да ги обезбедат самите. Образовните асистенти добиваат месечен надоместок од 9.000 денари.

    Градоначалникот Саша Богдановиќ вчера ни изјави дека не предвиделе пари оти доцна биле известени од УНДП дека нема комплетно да го финансираат проектот.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира